Ab-Sent Правила и Услови

Овие Правила за користење на услугата преку користење на мобилна и веб апликација: “AbSent” во рамки на една Компанија, го претставуваат целиот договор помеѓу Нас, како Давателот на услугата и Компанијата.

ВАЖНО Е да ги прочитате и да ги разберете условите што следат во понатамошниот текст,

Термините кои се користат во овие Правила, ќе го имаат следното значење:

“Давател на услугата” – Друштвото за инженеринг СЕНТИЦЕ ТЕЦХ ДООЕЛ Скопје кое е сопственик и носител на правата од интелектуална сопственост на мобилната и веб апликација AbSent, во својство на Давател на услугата.

“Компанија” – друштвото и овластените лице од истото, менаџер, претприемач и слично, што се јавува како Корисник со корисничката сметка. Кога во содржината на Правилата се употребува “Вие”, ”Корисникот” и/или “Менаџер”се мисли исклучиво на Компанијата,

“Носител на лиценца” – се однесува на Давателот

“Корисник на лиценца” – се однесува на Компанијата

“Услуга” – претставува електронско управување со отсутностa на Вработените, преку мобилна и веб апликација AbSent

ВОВЕДНИ ОДРЕДБИ:

КАДЕ ШТО, Давателот е сопственик и носител на правата од интелектуална сопственост за Мобилна и веб апликација AbSent (во понатамошниот текст: AbSent), и со тоа има уредно право да ги отстапи правата за користење на AbSent, на трети лица.

КАДЕ ШТО, AbSent e мобилна и веб апликација, преку која се овозможува услугата за електронско управување со отсуства на вработени.

КАДЕ ШТО, AbSent , како мобилна и веб апликација, е наменета да дава услуги само на Компании, и овој Договор составен од Правила за користење неможе да се склучи со Потрошувач.

КАДЕ ШТО, Комуникацијата помеѓу Компанијата и Давателот, се утврдува дека ќе биде водена електронски, без оглед дали се остварува преку Мобилна и/или веб апликација или со испраќање е-пошта до нас, или преку пратени известувања на Интернет-страницата/со апликацијата или со комуникација со вас преку е-пошта.

За целите на Договорот:

  • (а) Вие давате согласност да примате коресподенција од AbSent во електронска форма; и
  • (б) Вие потврдувате дека сите правила и услови, договори, нотификации, обелоденувања и други дописи испратени до вас по електронски пат од AbSent ги исполнуваат сите законски услови што таквите преписки би ги исполниле доколку се спроведат писмено во печатена форма

Горенаведеното не ги ограничува вашите права што не можат да се пренесат.

КАДЕ ШТО, Давателот и Корисникот врз основа на слободно изразена волја и заеднички интерес, пристапија кон склучување на овој договор, под следните услови:


  1. ПРЕДМЕТ
    1. Предмет на овој Договор е давање на привремена, непренослива и не-ексклузивна лиценца, со која се отстапува правото на користење на AbSent, од страна на Давателот на Корнисникот.
    2. Правата на користење опфаќаат:
      • Пристап до AbSent,
      • Детални правила за работа со мобилната и веб апликацијата, како и услугата која е достапна преку соодетните под-страни или во рамки на Апликацијата.
  2. Опис на услугите:
    1. AbSent кој е наменет за пријавување и водење евиденција за отсуство на вработени, овозможува:
      • поднесување на барање за денови за: годишен одмор, боледување, лични и семејни околности и други категории на платен одмор,
      • автоматско известување на раководството на компанијата за барањето на вработениот,
      • автоматско известување на вработениот за одлуката на раководството на компанијата за поднесено барање,
      • генерирање извештаи за искористените денови на вработените.
  3. Обврски за Давателот
    1. Ние, како Давателот не сносиме никаква одговорност за правилна имплементација на законите на државите кои се предмет на интерес на Компанијата во својство на корисник, како и за начинот на користење на AbSent од страна на Корисникот.
    2. Ние ќе се потрудиме со сите напори да обезбедиме соодветно функционирање на Мобилната и веб апликација и воедно ќе продолжиме да ги преземеме сите оперативни работи за Услугата.
      Ние, како Давателот нема да сносиме одговорност за настани и нивните последици, кои се поврзани со: нефункционирање на мобилната и веб апликација поради надворешни причини кои се надвор од наша контрола, проблеми предизвикани од губење на податоци поврзани со Вас и компанијата како работодавач; неовластени постапувања со мобилната и веб апликација од страна на корисникот или трети лица; виша сила, технички прекини.
    3. Носителот нема обврска да поправа грешки во софтверот.
    4. Носителот на лиценцата не сноси никаква одговорност спрема Стекнувачот на лиценцата.
  4. Обврски на Kомпанијата - Корисник Член 4
    1. Со својот потпис на овој договор, Стекнувачот се обврзува да:
      • Му овозможи на Давателот да ги извршува своите обврски од oвие правила;
      • Обезбеди функционална инфраструктура во Компанијата, што подразбира локална мрежа, интернет линк, сметачки машини (компјутери) и мобилни телефони,
      • Се придржува на упатствата и правилата за функционалност и користењето на компјутерски систем и мобилниот телефон, и софтверот инсталиран на истиот.
  5. Надомест за користење на лиценцата
    1. Надоместокот за користење на лиценцата како и услугата, зависи од избраниот пакет и бројот на корисници од една компанија. За подетални информации или доколку сакате да побарате понуда, обратете се на следниот е-маил: info@ab-sent.com
  6. Заштита и реализација на отстапени права
    1. Давателот односно Носителот на лиценцата е носител на авторски и сопственички права на AbSent, во смисла на прописите со кои се уредува авторското право.
    2. Носителот на лиценцата, му отстапува на Корисникот, неисклучиво, временски ограничено право на користење на AbSent.
    3. Со стекнување на правото на користење на AbSent, Корисникот не стекнува право на добивање на изворниот код, ниту пак на кое било друго придружно право од интелектуална сопственост како што е (трговската марка, скици, дизајни и обележја кои се употребени за означување на AbSent).
    4. Корисникот се обврзува дека нема да се обиде да добие неовластен пристап со користење на AbSent/ до AbSent преку други сметки, компјутерски системи или мрежи, преку хакирање, барање лозинки или на други начини на злоупотреба.
    5. Давателот го задржува правото да ја укине испораката на лиценцата до Корисникот во случај ако Корисникот не ги исполнува обврските предвидени во член 4 од овој Договор.
    6. Корнисникот во својство на стекнувач на лиценцата е запознаен и свесен за фактот дека софтверот, со сите сопственички и права од интелектуална сопственост, му припаѓаат исклучиво на Носителот на лиценцата и истите се сметаат за тајни и доверливи.
  7. Информации за трговска марка.
    1. AbSent, логото AbSent и други заштитни знаци, услужни марки, графики и логоа на мобилната и веб апликација, што се користат во врска со Услугата се заштитени знаци или регистрирани трговски марки на Давателот. Со користењето на услугата не добивате никакво право или лиценца за кој било од наведените заштитни знаци и се согласувате дека нема да ги отстранувате, прикривате или изменувате сопственичките известувања (вклучително и известувањата за заштитен знак и авторски права) што може да се приложени со или содржани во Услугата.
  8. Заштита на податоци
    1. Давателот е свесен за важноста и обврската за заштита на тајноста на сите податоци, и соодветно на тоа се обврзува во врска со AbSent, во потполност да обезбеди заштита на тајноста на податоците од Корисникот со почитување на важечките прописи со кои се регулира заштитата на корисничките права, како во периодот на важење на овој договор, така и по неговиот престанок. Давателот не сноси никаква одговорност доколку и покрај преземените мeрки податоците бидат цел на хакерски напад или неовластена кражба на податоците.
    2. Право на заштита на тајноста на личните податоците се гарантира со Законот за заштита на лични податоци.
    3. Корисникот e должен да ги преземе сите безбедносни мерки за заштита на податоците, како и да ги обезбеди сите претходно потребни согласности од Субјектот на лични податоци.
    4. За повеќе информации околу начинот на складирање, и чување на личните податоци, Ве молиме внимателно причитајте ја Политиката за приватност, како и Политиката за користење на колачиња;
  9. Траење на услугата
    1. Договорот ќе биде автоматски раскинат, доколку корисникот не ја продолжи претплатата пред датумот на истек.
    2. Провидерот може во под одредени околности и со претходно известување да ја укине или суспендира целата или дел од вашата Сметка и/или вашиот пристап до Услугата, особено ако настанат:
      • прекршувања на овој Договор или какви било други политики или насоки наведени овде и/или објавени на Услугата;
      • на ваше барање да ја откажете или укинете Сметката;
      • барање и/или налог од полициски орган, судски орган или друга владина агенција;
      • неочекувани технички или безбедносни проблеми;
      • ваше учество во измамнички или незаконски дејства;
    3. По укинувањето на вашата Сметка ќе изгубите секаков пристап до Услугата и до сите делови на Услугата, освен пристап до јавните делови на услугата.
  10. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
    1. Известувања: Давателот може да ви обезбеди известувања во врска со Услугата и во врска со измените на овој Договор преку вашата е-пошта на Вашата корисничка сметка (и/или до друга адреса на е-пошта поврзана со вашата Сметка, доколку имате наведено таква адреса) или преку објави на нашата вебстрана за Услугата.
    2. Меродавно право: За овој Договор и односот меѓу Корисникот и Давателот ќе важат и ќе се применуваат законите на Република Северна Македонија.
      Корисникот и Давател се согласувате да ја прифатите личната и ексклузивна надлежност на Судовите во Скопје
    3. Целовитост на договорот: Овој Договор го сочинуваат правните одредби и услови кои важат меѓу Корисникот и Давателот и го регулираат заедничкото однесување и користење на Услугата. За користење на услугата може да важат и дополнителни услови во зависност од типот на вашата сметка како корисник. Доколку некој дел од овој Договор се смета за неважечки или неприменлив, ќе се толкува на начин кој ги одразува првобитните намери на страните, и нема да има било какво влијание на останатите делови кои ќе продолжат да важат.
    4. Северабилност: Секоја од одредбите од овој Договор е самостојна и утврдувањето на ништовност или неизвршливост на било која одредба нема да ја засега валидноста или извршливоста на останатите одредби.

Последен пат ажурирано на: 1. 1. 2020